СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа
Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа! – изјави во денешната прес – конференција, потпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!
Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!
Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.
Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.
Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.
Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.
Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.
Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.
Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.
Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.
СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард. – додаваат од опизициската СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…