Тетовец ги обоил со црвена боја регистарските таблички на својот мерцедес, полицијата го уапси

t

Лишен е од слобода тетовец кој ги обоил со црвена боја регистарските таблички и вградил флешери.

На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки.

Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова до првачињата: Инвестирајте во себе!

„Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“,…

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…

Од Зелениково до Нова железничка станица –…

Денеска започна да сообраќа најавениот Градски воз…

Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…

Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето…

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…