По Општина Аеродром, Град Скопје поднесе кривична пријава против претседателката на Управниот одбор на „Комунална хигиена“

t

Откако Општина Аеродром соопшти дека поднела кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од Градот Скопје објавија дека се приклучуваат кон ваквиот потег и дека поднеле кривична пријава против претседателка на Управниот одбор на претпријатието, Јулијана Спироска, за загрозување на животната средина.

Како што посочуваат од Градот, во кривичната пријава се наведува дека во периодот од 2022 година до денес се констатира дека поради активностите на претседателката на Управниот одбор на „Комунална хигиена“, која е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, претпријатието во континуитет не ја одржува хигиената на подрачјето на Скопје.

„До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од три години претпријатието е нефункционално. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, а за истото баш ѝ е гајле на Спировска“,наведуваат од Градот Скопје.

Претходно денеска, Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи претпријатието десет дена не го собирало отпадот на повеќе локации во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…