“Стоп за Вардариште”: Утре со почеток од 7:30 ќе одиме на увид во Вардариште, доколку има себепромоција на функционерите заминуваме
Од иницијативата “Стоп за Вардариште” објавија дека утре граѓаните кои протестираат во 7 часот и 30 минути ќе го започнат своето движење од мостот Близнаци и ќе се движат се до Вардариште каде на покана на В.Д градоначалникот на Аеродром ќе можат да направат увид на ситуацијата и да постават прашања за проблемот како и да побараат решение за истиот.
Како што се вели во нивната објава доколку почувствуваат дека се искористувани за себе промоција на функционерите веднаш ќе го напуштат местото, а исто така ги замолуваат присутните да носат маски поради непостоење на транспарентни податоци за тоа што има во воздухот.
“Се гледаме утре во 7:20 пред мостот Близнак.
Одиме пеш покрај кеј до Вардариште, по покана на В.Д. Градоначалникот на општина Аеродром.
За сите кои не можат да одат пеш, а сакаат да ни се приклучат, се гледаме директно таму.
*времето може да варира во зависност од темпото со кое се движиме и слличо”, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сеул тврди: Постојат знаци на дијалог меѓу…
Самит меѓу САД и Северна Кореја би…
ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…
Вистински хорор се случувал во Атина, откако…
Распустот заврши: Учениците се враќаат на настава
За 238.000 ученици – 174.000 основци и…
Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат
Беше офицер-трибун во римската војска во времето…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…