Повторно недостиг на терапии на Клиниката за онкологија
Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, преку своите социјални мрежи јавно укажа на сериозен проблем со кој со месеци се соочуваат пациентите на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Таа информира дека постои недостиг од тумор-маркери, цитостатици и неопходни терапии, поради што многу пациенти секојдневно се обраќаат со очај и страв за сопствениот живот.
„Пациенти анонимно секојдневно ми се обраќаат со очај и страв за сопствениот живот,“ напиша Зајкова во објавата, потенцирајќи дека ова не е политичка тема туку борба за живот. Таа додаде дека пациентите се оставени без основни лекови и терапии и оти е недозволиво некој да чека во вакви околности. Зајкова истакна дека денес поднела писмено пратеничко прашање до Министерството за здравство со кое бара јасни и прецизни одговори за тоа зошто пациентите со малигни заболувања се оставени без соодветна терапија, кога ќе бидат набавени лековите ибандроник, цисплатин, таксол и останатите неопходни терапии и кој ќе ја понесе одговорноста за прекините и страдањата на овие луѓе. „Ниту еден човек не смее да чека. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради нечија негрижа,“ порача лидерот на ЛДП. Таа апелираше за итно решавање на проблемот и обезбедување континуирана терапија за сите пациенти кои секојдневно се борат со малигните заболувања. Во јавноста веќе се појавуваат реакции кои бараат од институциите итно да постапат и да овозможат соодветна грижа за најранливите категории граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…