„Итно напуштете ја Белорусија“: Полска испрати апел до своите граѓани

t

Амбасадата на Полска во Минск со драматичен апел ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија, користејќи ги сите расположливи комерцијални и приватни средства.

Полските медиуми пишуваат дека дипломатите издале предупредување поради можното затворање на границите и „други непредвидени околности“.

„На граѓаните на Република Полска кои остануваат на територијата на Република Белорусија им се препорачува да ја напуштат нејзината територија со достапни комерцијални и приватни средства“, стои во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на владата.

Повикот доаѓа на еден ден откако полско-белоруската граница беше повторно отворена за сообраќај по речиси две недели затворање.

Иако границата е отворена, премиерот Доналд Туск и другите официјални претставници на Полска предупредија дека таа може повторно да биде затворена доколку ситуацијата ескалира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сеул тврди: Постојат знаци на дијалог меѓу…

Самит меѓу САД и Северна Кореја би…

ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…

Вистински хорор се случувал во Атина, откако…

Распустот заврши: Учениците се враќаат на настава

За 238.000 ученици – 174.000 основци и…

Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат

Беше офицер-трибун во римската војска во времето…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и топло со мала до умерена…