Силен земјотрес во северозападна Кина: 8.000 луѓе се евакуирани, повеќе од 4.000 куќи се оштетени
Девет лица се повредени, 4.328 куќи се оштетени, а 7.812 жители се евакуирани откако земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди округот Лонгси во градот Дингси, во северозападната кинеска покраина Гансу, соопшти во понеделник Кинескиот центар за земјотресни мрежи (CENC).
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри и силно се почувствувал и во соседните окрузи Џангсиан, Вејјуан, Линтао и Вушан, објави Синхуа. Спасувачите и полицијата го насочуваат сообраќајот и ги проценуваат ризиците на патиштата во погодените области. Кинеската администрација за земјотреси активираше итен одговор од трето ниво, додека Државниот совет и Министерството за вонредни ситуации започнаа одговор од четврто ниво и испратија работна група во погодените области.
Пет повредени лица се хоспитализирани во локална болница во Лонгси, и сите се во стабилна состојба. Националните и локалните спасувачки сили се распоредени во епицентарот за да му помогнат на населението и да ги отстранат последиците од земјотресот. Според Министерството за вонредни ситуации, на пат се дополнителни 200 спасувачи и 28 возила на локалните сили, како и 26 членови на специјализирани тимови со седум возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во северозападна Кина: 8.000 луѓе…
Девет лица се повредени, 4.328 куќи се…
Зеленски: Без Кина, Русија е ништо
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Европското јавно обвинителство заплени 2.435 кинески контејнери…
Европското јавно обвинителство објави дека запленило 2.435…
Трамп: Кина и САД постигнаа договор, наскоро…
На состанокот меѓу кинеските и американските делегации…
Кина најавува контрамерки доколку НАТО, под притисок…
Кина ќе преземе решителни контрамерки доколку земјите…