На полноќ стартува кампањата за локалните избори

t

На полноќ стартува официјалната изборна кампања за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври годинава. Вториот круг е закажан за 2 ноември. Ова ќе бидат осми локални избори од независноста на државата.

За довербата на граѓаните ќе се борат 309 кандидати за градоначалници и 576 советнички листи со вкупно 10.490 кандидати.

Според Избирачкиот список, право на глас имаат 1.832.415 избирачи. Од нив, 112.000 се на привремена работа или престој во странство, 2.162 се на издржување затворска казна или во притвор, а 450 се сместени во домови за стари лица.

Гласањето ќе се спроведе на 3.480 избирачки места, а на 132 места каде што има помалку од десет гласачи, тие ќе гласаат на најблиското избирачко место.

Буџетот за локалните избори изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголемиот дел се предвидени за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Локалните избори во Македонија традиционално се одржуваат во октомври, на секои четири години. Првите биле организирани во 1996 година, а последните во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…