Ахмети: Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли, орелот не се бори со кучиња

t

Конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот започна со извици „УЧК, УЧК“ и видео-проекции со сцени од војната во 2001 година, што ја нагласи симболиката и историското наследство врз кое партијата ја темели својата кампања. Во салата присутните скандираа и „Артан Груби“.

Во својот обраќање лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати жестоки критики кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и внесува опасни поделби.

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.

Со оваа порака тој го стави Мицкоски во фокусот на критиката, нагласувајќи дека неговите постапки само ја засилуваат мобилизацијата и обединувачкиот дух кај Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Злато и сребро за најмладите македонски кикбоксери…

Најмладите македонски кикбоксери забележаа одличен настап на…

ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…

ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…

Вишото ЈО го оживеа „Мазут“: Укината наредбата…

Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство…

Повторно работи филтер-станицата во Штип

Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…