Милановиќ кон Унгарија: Не сме ви виновни што немате море

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му возврати на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој ја обвини Хрватска за воени шпекулации во енергетскиот сектор. Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН, Сијарто рече дека Хрватска ја користи воената ситуација и наплаќа повисоки даноци.

„За жал, мора да признаеме дека Хрватите нè експлоатираат. Хрватите профитираат од воената ситуација. Хрватите сè уште ни наплаќаат воен данок бидејќи од почетокот на војната ја зголемија транзитната такса за нафтоводот пет пати во споредба со европскиот стандард“, рече Сијарто, додавајќи:

„Нема да дозволиме алчноста на Хрватите да се искористи против нас“.

Милановиќ ги повика властите во Будимпешта да бидат повнимателни. „Ова малку ги загрижува. Мислам дека треба да бидат повнимателни кога зборуваат за овие работи. Хрватска има крајбрежна линија, има капацитети за гас, овие капацитети растат и далеку ги надминуваат хрватските потреби, што значи дека можат да бидат корисни за земјите што немаат море, па ако ги сакаат – ние сме тука“, рече Милановиќ.

Според него, цените што ги нуди Хрватска се разумни. Нема бесплатна услуга. Ние сме сојузници, партнери и соседи, но нема да го отстапиме брегот на никого, беше цитиран и Зоран Милановиќ од државната телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…