Јакимовски: Заедно со Трајановски ќе го завршиме и пуштиме во употреба мостот кон Злокуќани

t

Мостот кон Злокуќани и Бардовци – три години заглавен поради бирократија и неодговорност на институциите, велат денеска кандидатите за градоначалници на Карпош и Град Скопје, Стевчо Јакимовски и Александар Трајановски.

– Замислете, мостот и улицата одамна можеа да бидат готови, а денес да го растоваруваат кружниот тек на „8 Септември“ и булевар „Илинден“. Наместо тоа, се чекаат конзерваторски работи и дозволи кои тапкаат во место. Срамота.

Овој мост е неопходен за жителите на Бардовци и Злокуќани, за сите што секојдневно се мачат во метежот.

Со Александар Трајановски, идниот градоначалник на Скопје, ќе го завршиме и ќе го пуштиме во употреба.

Покрај мостот, ќе направиме и спортско-рекреативен комплекс – со фудбал, кошарка, одбојка и детско игралиште – затоа што Карпош и Скопје заслужуваат современа инфраструктура и место за спорт и дружба.

Карпош одамна покажа дека знае да гради. Сега е време и Скопје да покаже разум и да почне да работи во интерес на граѓаните – а не да држи во заложништво готови проекти.

Мостови, спортски терени, зеленило – тоа е иднината што ја градиме заедно. – велат кандидатите на ГРОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…