Мицкоски по природа е албанофоб, рече Османи по изјавата на премиерот дека ДУИ по овие избори ќе исчезне од политичката сцена
Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по природа е албанофоб и ги мрази Албанците, рече денеска кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ) на денешната прес-конференција, промовирајќи го механизмот „Граѓанско око“, наменет за искоренување на корупцијата во општината.
Ова Османи го кажа одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за дел од синоќешниот говор на Мицкоски, на партискиот митинг на првиот ден од изборната кампања, во кој ја критикуваше Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзиниот лидер, Али Ахмети, на кого, пак, му порача дека по локалните избори ќе оди во политичка пензија.
„Не сум изненаден од вчерашната изјава на Мицкоски по однос на неговата мисија да ја исчезне од политичката сцена ДУИ. Мицкоски по природа е албанофоб, тој ги мрази Албанците. Во неговиот тим нема ниту еден Албанец. Кога патува надвор од државата, не зема Албанци. Го укинува ’балансерот’ зашто сака да ги тргне од институциите. Го укинува албанскиот јазик, зашто му пречи, не сака да го види во документите. Тоа е посилно од него“,рече Османи.
Според него, вознемирува тоа што таа негова омраза кон Албанците се проектира и меѓу граѓаните, но додаде дека нема да дозволи така да биде во општината каде што се кандидира за градоначалник.
„Нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир, оти тука соживотот ни е свет. Ако Мицкоски го укинува ’балансерот’, јас ветив дека ќе правам фонд за правична застапеност за заедниците во Чаир, бидејќи Албанците се тука мнозинство и мора ние да пристапиме и да им помогнеме на помалите заедници. Ако го укинува албанскиот јазик, тука ќе правиме одделение за јазици, не само за македонскиот и албанскиот, туку и за босанскиот, турскиот, па и за ромскиот јазик“,вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…