Мециновиќ: Џабе забраните, ќе водиме кампања на улица и ќе се бориме против приватизацијата на „Дрисла“ и „Комуналец“
„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од наутро до навечер присутни на улиците каде што скопјани и секој поединачно ќе можат да дојдат до нас и да разговараат“. – порача андидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
Во следните 20 дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и во јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација, а како пример ја даде депонијата Дрисла.
– Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да слеземе кај работниците. Ќе седнеме со сите работници на јавните претпријатија и ќе разговараме за условите во кои тие работат – рече Мециновиќ.
Според него, јавните претпријатија со години се запоставувани намерно, за да се оправда нивната приватизација.
– На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на „Комунална хигиена“ и на „Дрисла“. Четири дена подоцна премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, го потврди тоа, рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП – додаде Мециновиќ.
Тој истакна дека „Дрисла“ е единственото јавно претпријатие кое генерира приходи за Град Скопје, а неговата приватизација би значела директен удар врз јавниот интерес. „Дрисла“ треба да се унапреди, додава тој, а не да се приватизира.
– Но, не можеме друго да очекуваме од партии чијашто единствена цел е приватизација на капацитетите на државата и на градот, партии кои во последните четири години го уништуваа и блокираа јавниот интерес на граѓаните на Скопје – нагласи тој.
Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и се само еден чекор кој наговестува авторитарен режим.
– Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта – посочи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата…
Македонското знаме е вратено на место откако…
Контрола во угостителски објект во Охрид, затекнати…
На 28 ноември 2026 година, во 00;30…
Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…
Најмалку 30 лица беа убиени во напад…
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…