Путин: Руско-кинеските односи се на исклучително високо ниво
Рускиот претседателот Владимир Путин му честиташе на кинескиот лидер Си Џинпинг за 76-годишнината од основањето на Народна Република Кина и го истакна високото ниво на односи меѓу двете земји.
„Руско-кинеските односи се на невидено високо ниво – ова беше целосно потврдено од нашите неодамнешни детални и конструктивни разговори во Тјенџин и Пекинг“, се вели на веб-страницата на Кремљ.
Како што се нагласува, спроведувањето на постигнатите договори ќе овозможи проширување на соработката и ќе создаде услови за нови заеднички проекти во различни области. Ова е во интерес на двете земји и придонесува за изградба на мултиполарен светски поредок.
Путин истакна дека Кина го продолжува својот стабилен социо-економски и научно-технолошки развој, ги зајакнува своите позиции на светската сцена и дава значаен придонес во решавањето на глобалните прашања. Претседателот му посака на Си здравје, благосостојба и успех во државната и партиската работа, а на сите граѓани на Кина – среќа и просперитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Руско-кинеските односи се на исклучително високо…
Рускиот претседателот Владимир Путин му честиташе на…
Нетанјаху: Не ги повлекувам силите од Појасот…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа, еден ден…
Европските лидери во Копенхаген денес и утре…
Копенхаген денес и утре е центарот на…
Силен земјотрес ги погоди Филипините – најмалку…
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по…
Грција денеска парализирана од генерален штрајк
Без бродски и железнички сообраќај е денеска…