Јакимовски: Салата „Партизан“ е вратена на граѓаните!

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Разговори во живо“ со Тони Михајловски, зборуваше за салата „Партизан“, која Министерството за спорт имаше намера да ја земе под своја надлежност, но Јакимовски ја врати назад.

„Некои сакаа тука да прават кафичи, журки и хаос со возила. Наместо тоа – ние ја вративме во служба на спортот, на младите и на пензионерите.

Министрите може да зборуваат за кошеви и паркети, ама вистината е дека Општина Карпош во овој мандат направи многу повеќе – нова општинска зграда од 5,5 милиони евра, светилки од милион и шестотини, реновирани десет училишта и девет градинки, уште пет улици во работа…

Затоа велам: Карпош не чека никого. Карпош работи и чекори најмалку 10 години пред сите други општини во Скопје.

 „Партизан“ останува засекогаш сала за граѓаните – за спорт, за дружење и за иднината на нашите деца.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник повреден при извршување работни задачи во…

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

Европската автомобилска индустрија е во длабока криза…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…