Апасиев од Велес: Очекуваме историски резултат од над 70 илјади гласови
Левица вечерва пред велешани ги претстави кандидатите за членови на советот на Општина Велес. Наместо класичен митинг, носителот на листата Димче Ацков заедно со 22 кандидати, во присуство на лидерот Димитар Апасиев остварија непосредни средби со граѓаните во центарот на градот. Ацков истакна дека советничката група на Левица ќе продолжи таму каде што застанаа нивните претходници, со цел да се обезбеди континуитет и да се реализираат нови иницијативи од интерес за граѓаните. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, порача дека и покрај тоа што, како што рече, власта ги цензурира преку забрана за рекламирање, очекувањата се Левица да постигне историски резултат со над 70 илјади гласови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Volkswagen размислува за затворање на четири фабрики…
Volkswagen ќе направи сè што може за…
Од утре пензиите ќе бидат зголемени, но…
Од 1 септември, во согласност со Законот…
28-годишник од Кичево ја нападнал својата мајка
На 30.08.2026 во 17:45 часот, полициски службеници…
„Нелегалниот“ премин кај Бит пазар станува легален:…
Скопје најавува промени во сообраќајот и јавниот…
Mу се слошило и паднал од висина:…
На 30.08.2026 во 17:45 часот во СВР…