Министерството за финансии исплати 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

t

Исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари (19,4 милиони евра) од централниот Буџет кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании. Оваа финансиска поддршка е обезбедена по поволни услови преку унгарскиот заем, соопшти Министерството за финансии.

Со оваа исплата, вкупната сума од 190,5 милиони евра веќе е трансферирана кон домашната економија преку оваа мерка, која има за цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Во Буџетот за 2025 година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции, што се очекува да предизвикаат инвестиции во приватниот сектор вредни околу 300 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Студентската листа води пред Вучиќ

На парламентарните избори во Србија, листата на…

Четири златни и еден сребрен медал за…

Македонската кикбокс репрезентација го заврши настапот на…

Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…

Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…

Продолжува битката со огнот во Националниот парк…

Следи уште една пеколна и долга ноќ…

Норвешкиот крал Харалд V ќе биде погребан…

Норвешката кралска палата соопшти дека погребот на…