Нема матични лекари во 52 рурални подрачја, изјави Клековски

t

Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се пречките кои оневозможуваат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја.

Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека ги повикуваат сите матични лекари кои работат во руралните подрачја, младите доктори кои би сакале да почнат со работат во руралните подрачја, како и кој било заинтересиран, вклучувајќи го и Здружението на приватни лекари да дадат предлози што треба да се измени во правилата за да ги потикнат лекарите да работат како рурални матични лекари. Предлозите може да ги испратат до 1 ноември на е-пошта: ruralno@fzo.org.mk .

Посочи дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани од посебна комисиија задолжена за подготовка на измените и доколку тие се во согласност со законската регулатива, ќе бидат вградени во новиот правилник или ќе послужат како основа на измени на законската регулатива.

На 6 октомври министерот за здравство ќе го објави пакетот од 12 закони за кои се планира во наредниот период да се направат нивни измени и дополнувања, рече Клековски и додаде дека тоа што Фондот може да го направи е да се олеснат критериумите и да зголеми финансирањето.

– Ако треба друг тип промени тоа ќе мора да оди преку законски измени. Тоа е посветеноста на Фондот за натамошно подобрување на правичната и еднаква здравствена заштита за сите осигуреници и за сите граѓани. Многу набрзо ќе мора да размислуваме за малите места кои не се дефинирани како рурални. Во Ресен има само тројца матични лекари. Демографската, возрасната структура на матичните лекари е исклучително лоша и за 10 до 15 години ќе имаме сериозна криза во покриеноста. И тоа не е ислучок за Македонија. Неодамна бев на консултација со Светската банка за Западен Балкан. Цела Европа е посебно погодена со криза во примарната здравствена заштита и огромни подрачја остануваат непокриени со примарна здравствена заштита и листите за чекање за базични прегледи се продолжуваат. Ако гледаме дека тоа ќе биде проблем за десеттина години, ние мора сега да дејствување, за да не се најдеме во ситуација на 30 до 40 километри да нема доктор достапен за населението – додаде Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема матични лекари во 52 рурални подрачја,…

Во моментот од 96 планирани матични лекари…

Ѓорѓиевски ги повика чаирчани масовно да гласаат…

Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир…

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат…

ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта…

Лишено од слобода лице од радовишко за…

Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село…

Укината забраната за товарни возила на Маврово-Дебар

Забраната за товарни моторни возила на регионалниот…