Објавено на:

Белата куќа со дипломатски одговор за шегата на Рама на сметка на Трамп

t

Телевизијата „Топ њуз“ пренесува реакција од Белата куќа по шегата на албанскиот премиер Еди Рама за претседателот Доналд Трамп, направена во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На прашањето на „Топ њуз“, дали коментарите на Рама се сфатени во негативен контекст и дали ќе влијаат на билатералните односи, заменик секретарот за печат на Белата куќа, Ана Кели, дала целосно дипломатски одговор.

„Претседателот Трамп направи повеќе за глобалната стабилност од кој било друг лидер во светот“, одговорила таа.

„Шегата на Рама во присуство на двајца други лидери беше оценета како „мајтапење“ од некои од најпрестижните медиуми во светот, но самиот Рама го негираше тоа, велејќи дека радосниот момент бил превртен наопаку со злонамерна намера“, објавија албанските медиуми.

Во видео кое веднаш стана вирално во многу медиуми, вчера, пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген, се слуша како Рама, до кого е и Алиев, му вели на Макрон да се извини што не им честиташе на Албанија и Азербејџан за потпишаниот мировен договор.

Хумористичниот коментар на Рама следува откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во изјава на 18 септември, ја помеша Албанија, со Ерменија, па рече дека „завршил конфликтот меѓу Албанија и Азербејџан“.

Во видео-записот, Рама му вели на Макрон, дека треба да се извини а на неговото прашање: Зошто? Рама одговара затоа што не му честитал нему и на Алиев, за постигнатиот мировен договор меѓу двете земји, додавајќи дека „претседателот Трамп работеше напорно, напорно, за овој договор. Имавме 500 години конфликт“, на што Макрон одговара жал ми е, па сите заедно се смеат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со дипломатски одговор за шегата…

Телевизијата „Топ њуз“ пренесува реакција од Белата…

ДИК го утврди изгледот на гласачките ливчиња…

На денешната 139. седница, Државната изборна комисија…

Додик: Го замолив Путин да не ја…

Лидерот на владејачката коалиција во Република Српска…

НАТО мора внимателно да ги измери своите…

Присуството на руските модерни интерконтинентални балистички ракети…

(Видео) Јакимовски со политички нокаут за Тошковски:…

Панче шета низ Карпош, се чуди, соли…