Тревога во Минхен: – Германската војска се вклучува во одбраната!
Германската војска ќе помогне во заштитата на цивилниот сектор од дронови, соопшти денес министерот за внатрешни работи, Александар Добриндт, неколку часа по инцидентот со неидентификуван дрон на аеродромот во Минхен.
Министерот најави дека наскоро ќе биде презентиран нов предлог-закон за безбедност на воздушниот сообраќај, со цел подобра контрола на заканите од беспилотни летала. „Расте опасноста од дронови, не само поради нивниот број, туку и поради напредокот во нивната технологија“, рече Добриндт.
Во германската покраина Шлезвиг-Холштајн забележани се дронови со распон на крилја до осум метри, но министерот не откри детали за бројот и видот на дроновите забележани во Минхен.
Поради инцидентот, полицијата затвори дел од пистите на аеродромот, што ја блокираше сообраќајот за околу 3.000 патници, додека сè уште не е јасно дали се работи за еден или повеќе дронови.
Германската федерална и покраинска влада предложуваат формирање заеднички центар за одбрана од дронови, со учество на вооружените сили, кој ќе анализира закани, ќе координира одговор и ќе ги разликува реалните закани од провокации.
Добриндт предупреди дека „тековно трае трка меѓу заканата од дронови и одбраната од нив“ и дека ова прашање ќе биде тема на европски состанок овој викенд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тревога во Минхен: – Германската војска се…
Германската војска ќе помогне во заштитата на…
(Фото+Видео) Силно невреме ја погоди Бугарија: Три…
Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за…
Масовни апсења во Црна Гора: поранешен обвинител…
Во голема акција против организираниот криминал и…
Хамас се согласи да ги ослободи сите…
Палестинското милитантно движење Хамас денес објави дека…
Словенечко обвинителство поднесе барање за судска истрага…
Специјалното обвинителство на Словенија поднесе барање за…