Во ФЗОМ пристигнаа уште 15 претставки за сомнителни кардиохируршки интервенции, изјави Клековски

t

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување, информираше вчера директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Клековски додаде дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции, од кои пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа.

Претставките, појасни тој, опфаќаат различни периоди, а најстарата е за нешто што се случило во 2010 година.

„Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа, втората е каде на пациенти требало да им се направи, а не им е направено тоа што требало да се направи, и третата се однесува на пациенти кај кои од тоа што е направено нема да има помош во смисла интервенциите што се направени кај пациенти кои можеби се во терминална фаза нема да водат кон подобрување на нивната здравствена состојба или кон продолжување на животниот век. Тоа може да го спореди со давање скапи онколошки лекови на терминално болни пациенти, каде единствено палијативна нега е потребна во моментот, а тоа не е едноставна одлука, но е одлука која мора да биде донесена“, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за активностите на ФЗО за зголемување на бројот на матични доктори во руралните средини.

Клековски нагласи дека јавноста не треба да очекува брзи резултати и оти не е пожелно да има брзо резултати, бидејќи тие би биле погрешни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ФЗОМ пристигнаа уште 15 претставки за…

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати…

Денеска ќе се одржи 25. протестен „Марш…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“…

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…

Филипче: Потребна е силна опозиција да ја…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Лидерите на ОВК остануваат во притвор во…

Поранешните челници на Ослободителната војска на Косово…