Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал

t

Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1 отсто. На месечна основа изнесува 4 отсто.

Цените на метар квадратен растат иако трошоците во градежништвото бележат опаѓање за првпат по осум години, но цените на становите се нееластични на ваквите движења, што придонесува кон проширување на оперативните маржи во градежниот сектор, констатираат од Народната банка во последниот извештај за финансиската стабилност на Македонија за 2024 година.

„Вкупните трошоци за изградба на нови станбени згради во 2024 година опаднаа за 7,2 проценти на годишна основа, наспроти растот од 9,4 проценти во претходната година. Главен чинител на падот се значително пониските материјални трошоци, за 10,5 проценти, при стабилен пад во сите четири тримесечја. Придонес во падот на материјалните трошоци има и пониската постигната цена на истргуваното градежно земјиште за 9,5 проценти, по високиот пад од 32,7 проценти во 2023 година“, наведуваат од Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на становите поскапеа за над 25…

Продолжува растот на цените на становите во…

Пи Диди осуден на четири години и…

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс или познат…

Во ФЗОМ пристигнаа уште 15 претставки за…

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати…

Денеска ќе се одржи 25. протестен „Марш…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“…

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…