Извештајот на ОБСЕ нотира цензура кон Левица
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), го објави преодниот извештај за локалните избори што го опфаќа периодот од 5 септември до 1 октомври 2025 година. Во извештајот, како што соопшти партијата Левица, е нотирана и цензурата кон нив во делот на политичкото рекламирање.
ОДИХР укажува дека формулата за распределба на средствата и платеното време за емитување не прави разлика меѓу партиите со и без пратеничка група, што, според Левица, ги става во нерамноправна положба.
Левица е единствената партија што нема да се рекламира ниту со државни, ниту со партиски пари
Откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го усвои Упатството за радиодифузерите, Левица поднесе барање за привремена мерка до Основниот граѓански суд во Скопје со цел да се стопира примената на насоките и да се обезбеди нивно вклучување во формулата за распределба.
Партијата предупредува дека со ова фактички се исклучува од медиумскиот простор, освен во рамки на задолжителното информирање во вестите, што, според нив, директно влијае на изборниот резултат.
„Со ова на Левица ѝ се нанесува директна штета и се влијае на бројот на освоени гласови, како и на советничките и градоначалничките места“, се вели во соопштението на партијата.
Правниот тим на Левица веќе поднесе тужби до надлежните судови, како и барање за времена мерка за стопирање на примената на упатството. Од партијата најавуваат дека, доколку не добијат правична постапка во земјава, случајот ќе го изнесат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Левица ја нарече оваа ситуација „израз на очај на владејачката гарнитура на ДПМНЕ“, обвинувајќи ја власта за, како што велат, катастрофални политики што предизвикале „огромно незадоволство на народот“. Партијата порача дека граѓаните ќе ја казнат власта на локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештајот на ОБСЕ нотира цензура кон Левица
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…
Левица до Мицкоски: Објаснете зошто не покренавте…
Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните…
(Видео) Немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту…
Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ,…
Симонов: Власта ја претвори државата во инструмент…
Во објава на социјалните мрежи, членот на…
Движење Слободни и независни: ВМРО-ДПМНЕ може да…
Движење Слободни и независни обвини дека изборите…