Анастасов: Имаме најдобра социјална програма во цела држава!
Имаме најдобра социјална програма во Македонија, истакна во гостување во „Стадион“ на Канал 77 кандидатот за градоначалник на Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов – Ладич.
Во предизборната програма се предвидени повеќе пакети за различни категории на граѓани. За
достоинствен живот на пензионерите предвидуваме:
- Бесплатни систематски прегледи еднаш годишно и
- Општинска услуга „Помош во домот“, млади волонтери и социјални работници што ќе
помагаат при набавка, сметки и секојдневни потреби. - Бесплатен влез на културни и спортски настани, театар, концерти и спортски мечеви – затоа
што културата и дружбата не познаваат години. - 150 ваучери по 20.000 денари годишно за бањска рекреација за пензионери што немаат
решенија за бања преку ПИОМ, а имаат пензии под 30.000 ден во општината. - Завршување на проектот Дом за стари лица во Пробиштип, во наредниот период силно ќе се
заложиме за обезбедување на средствата преку Министерството за социјална политика,
демографија и млади кои иако две години наназад се во Програмата на Министерството
сеуште не е распишана јавна набавка за завршување на овој проект.
Наш приоритет се младите. Предвидуваме младински пакет „Општината за иднината“ што ќе
содржи: - Ослободување од комуналии за изградба или доградба на куќа за млади брачни парови до 35
години - Субвенционирање на стартап бизнис-идеи до 120.000 денари за млади до 29 години
- Субвенционирање на бизнис-идеи до 200.000 денари за млади до 29 години
- Средношколска картичка, 50 % попуст за сите културни и спортски настани во Пробиштип, 50
% субвенционирање за набавка на лаптоп или таблет во текот на 4-годишното образование, до
15.000 ден - Општински младински екопроекти – парични награди за најдобра идеја за чиста и зелена
општина - Општински фонд за млади уметници и музичари – поддршка за организирање концерти,
изложби и фестивали.
Во делот на образованието предвидуваме:
7-дневен летен одмор за сите полуматуранти од општината
Екскурзија низ Европа за сите матуранти
Ранец со училиштен прибор за секое прваче
6.000 денари субвенција за запишано прваче
3,000 денари стипендија во прва година за секој запишан средношколец во Пробиштип
Во општинскиот пакет за еднакви шанси и достоинствен живот предвидуваме:
Ваучери за храна и хигиенски производи, поддршка за основни потреби на најранливите
категории.
Бесплатни училишни прибори, за сите ученици од социјални семејства
Субвенционирани училишни екскурзии, ниту едно дете да не остане дома поради сиромаштија.
Јавни работи за социјално загрозените лица, општината ќе вработува во јавни сервиси и
проекти, со цел да им даде шанса за работа и приход.
Обучување и преквалификација, бесплатни курсеви за занаети, ИТ и практични вештини за
полесно вработување.
Еднократна помош за празници, Велигденска субвенција од 6.000 денари за корисниците на
социјална помош, 30.000 денари за 28 август – на лицата со посебни потреби и корисници на
додаток за мобилност, Новогодишна субвенција од 4.000 денари за корисниците на правото за
помош и нега
50 % субвенција за набавка на инвалидски колички и скутери на електричен погон за лицата со
посебни потреби
Во делот на зголемување на наталитетот предвидуваме 10.000 за прво дете, 20.000 денари за
второ дете, три месеци по 30.000 денари за трето дете и дванаесет месеци по 30.000 денари
за четврто дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анастасов: Имаме најдобра социјална програма во цела…
Имаме најдобра социјална програма во Македонија, истакна…
Анастасов: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги оставија пробиштипјани…
Поради советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денес јаловиштето во…
Ацевски: Мега-паркот во Ново Село е направен…
Како депонијата во Ново Село, голема колку…
(Видео) Немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту…
Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ,…
Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…