Објавено на:

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор во Србија

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор во Србија, според одлука објавена на веб-страницата на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД.
Причините за повлекување на номинацијата на Брновиќ не беа наведени.

На крајот на март, Трамп го номинираше Брновиќ, член на Републиканската партија и поранешен државен обвинител на Аризона, за амбасадор во Белград.

Иако номинацијата наскоро стигна до Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Брновиќ не се појави пред тоа тело кое ги потврдува назначувањата.

САД немаат амбасадор во Белград од јануари оваа година, кога Кристофер Хил ја напушти таа позиција по враќањето на Трамп во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…