Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски

t

Од младоста се подвизуваше во сите христијански добродетели. Како епископ, во местото на своето раѓање, во градот Синопа, на брегот на Црното Море, со пример и со Божествени зборови ги утврди правоверните во верата, а мнозина идолопоклоници ги обрати во вистинитата вера. Закоравените незнабошци се исполнија со гнев кон свети Фока. Господ му укажа на Фока за неговото маченичко страдање преку едно видение. Имено, тој виде светол гулаб како слетува од небото носејќи во клунот прекрасен венец од цвеќиња и како го спушта врз неговата глава. И чу Фока глас од гулабот: „Твојата чаша се наполни и треба да ја испиеш.“ Од тоа видение Божјиот угодник дозна дека наскоро треба да пострада за Христа. И не се уплаши, туку со благодарност кон Бога се подготвуваше за мачеништвото. Брзо по ова, некој кнез Африкан го подложи Фока на маки, му го претепа и му го изнарани телото, го остави в затвор, а потоа го фрли во зовриена вода, во која храбриот Христов маченик го заврши земниот живот и се пресели во радоста на својот Господ. Пострада во времето на царот Трајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Фока, епископ…

Од младоста се подвизуваше во сите христијански…

МЕТЕО: Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Кон…

Мицкоски пак се закани дека лично ќе…

На вечерашниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ од…

Филипче: Дали сега Мицкоски е криминалец што…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марко…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…