Скопјанец физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе – полицијата го привела
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го привеле 30-годишниот Х.С. од Скопје, поради сомнение дека извршил семејно насилство и противправно одзел малолетно дете.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 4 октомври 2025 година, околу 23:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар, тој бил лишен од слобода по претходна пријава од неговата 21-годишна вонбрачна партнерка.
Според пријавата, на 2 октомври во нивниот заеднички дом, осомничениот физички ја нападнал, по што на 3 октомври, додека таа се наоѓала во домот на нејзините родители, тој дошол и ја зел нивната тримесечна ќерка.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец физички ја нападнал партнерката и го…
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го…
АД ЕСМ затвора дел од рудникот за…
Откако ја раскина концесијата поради немање економски…
Возило удри две девојчиња на возраст од…
„На 04.10.2025 во 20.30 часот во СВР…
Герасимовски: Сто и дваесет хигиеничари деноноќно работат…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот…
Според проценките на израелската армија, околу 900.000…