Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели максимумот може да биде 147 денари

t

Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да ги прифати нивните барања – студентите да добиваат надоместок за оброк од 200 денари, да им биде платен дел од меѓуградскиот превоз и да имаат подобри услови во студентските домови. Студентските организации веќе побарале субвенцијата за студентскиот оброк да им се покачи од сегашните 140 на 200 денари, како и да имаат попуст на билетите за меѓуградскиот превоз.

И оваа година го имаме истиот проблем како изминатите. Многу студенти беа одбиени за студентски субвенциониран оброк затоа што студентските служби на факултетите навремено не го испратиле списокот на редовни студенти до Министерството за образование, изјави за „Телма“ Ангела Василевска, претседателка на универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Министерката за образование пак кажа дека е запознаена со студентските проблеми и ќе разгледаат што може да се направи.

-Пресметката сега кажува дека според стапката на инфлација студентскиот оброк треба да се зголеми само за седум денари. Значи тој би бил 147 денари. Иницијативата за зголемување на сумата е стигната до МОН. Ние веќе почнавме да размислуваме за промена на методологијата, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

(Видео) Студенти во „Гоце Делчев“ живеат со…

Според објавите на Стјудентарија, студенти од блокот…

„Или тие, или ние“ – Студентски протест…

Во Нови Пазар денеска се одржува голем…

Студентите во Србија најавуваат нови протести

Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…