Две Италијанки се обиделе да влезат на Табановце со пет вида дрога во личниот багаж

t

Лишени од слобода две италијански државјанки на граничен премин Табановце кај кои била пронајдена дрога.

Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Џ.П.(33) и Б.М.Р.(33), двете од Италија.

При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени биле 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ: Во Македонија нема место за глорификација…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро…

Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот…

Двајца пожарникари се повредени при интервенцијата за…

За 24 часа горело на 10 места:…

На ден 30.08.2026 година, до 13:00 часот,…

На Табановце и Блаце се чека до…

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП…

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив…

Иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…