Печатницата „Киро Дандаро“ ќе печати доверлив изборен материјал за 48 милиони денари

t

Битолската печатница „Киро Дандаро“ ќе печати доверлив и недоверлив изборен материјал за 48 милиони денари, стои на веб-страницата за јавни набавки.

Договорот со Државната изборна комисија е склучен на 16 септември, а на веб-страницата на ЕСЈН е објавен денеска.

На јавниот повик се јавила само една печатница.

Во тендерската документација стои дека понудувачот треба да ги има следните техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:


-да поседува соодветни простории за нивно чување и пакување на доверливиот материјал;
-да обезбеди соодветни простории за групи на Државната изборна комисија, кои ќе вршат проверка и контрола на изработениот изборен материјал и да обезбеди и стави на располагање најмалку 3 (три) возила и гориво за овие групи, а по потреба и возач/и или обезбеден такси превоз;
-да има физичко обезбедување и видео надзор;
-да обезбеди задолжително евидентирање на секој влез и излез на лица, во кругот на објектот каде ќе се изработуваат материјалите, а на барање на Набавувачот веднаш а најдоцна во рок од 24 часа да ја достави целокупната евиденција на влез и излез;
-да поседува обезбеден трезор со видео надзор;
-да поседува постојан видео надзор над сите простории каде ќе се изработуваат и складираат
материјалите и да има технички услови за капацитет на зачувување на податоците од видео надзорот најмалку 35 дена. На барање на Набавувачот да има можност за зачувување на податоците за минимум 150 дена;
-по завршувањето на изборниот процес, без разлика од каков карактер е истиот, да достави до Набавувачот копија од сите снимки од видео надзорот на надворешен хард диск;
-да обезбеди посебна, издвоена просторија каде ќе се чува целокупниот отпад од процесот на изработка на материјалите, која треба да биде под постојан видео надзор и физички обезбедена;
-во исклучителни случаи, на барање на договорниот орган да може да го транспортира предметот на набавката согласно барањата и насоките на Набавувачот,

Економскиот оператор да има на располагање машини на
кои ќе се врши изработката на гласачките ливчиња.

  1. Економскиот оператор да поседува сертификат за изработка на сигурносни заштити Govermental level (Владино ниво).
  2. Економскиот оператор да поседува софтвер за изработка на сигурносни заштити Govermental level (Владино ниво).
  3. Економскиот оператор да потврди дека ќе изврши подготовка на целиот материјал (Technical prepress on all material)
    -мостра од хартијата, најмалку четири (4) примероци во min.A4 формат, за проверка и утврдување на постоењето на бараните заштитни елементи.
  • мостри во најмалку 4 (четири) примероци, од идејно решение за гласачко ливче со сите барани елементи и согласно описот даден во точка II, и тоа најмалку по еден примерок за: градоначалник, совет, градоначалник на Град Скопје и совет на Град Скопје .
    и
  • мостри од Шаблонот за браева азбука, согласно техничката спецификација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…