Скопјани криумчареа мигрант од Турција
МВР информира дека доцна синоќа во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б.,затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во близина на објект на саудиска…
Чад и оган се забележани денеска во…
Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…
Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…
Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…
Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…
Момче од Србија е уапсено во Солун…
Србин на возраст од 23 години кој…
Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја оцени вчерашната…