Макрадули за кампањата на Мицкоски: Почна со хибридни напади и “тајни странски центри”, ама после премина на за него најлесниот терен, плашење на гласачите со ДУИ
Локалните избори уште од самиот почеток се третираат како парламентарни.
Премиерот Мицкоски, веројатно уште кога почнале да ги снимаат спотовите, сфатил дека нема објект кој може да го покаже, нема инвестиција пред која може да се слика, па се префрли на други теми. Покрај тоа, им забрани на неговите кандидати и другари да се појавуваат на дебати, веројатно да не го доизбрукаат.
Почна со хибридни напади и “тајни странски центри”, ама после гротеската од тоа во јавноста, премина на за него најлесниот терен, плашење на гласачите со ДУИ. Кога, пак, разбра дека токму тоа им го крева рејтингот, ја пушти старата, веќе расипана плоча за СДСМ и Бугарија. Притоа, не гледајќи дека додека тој го зборува тоа на митинг, неговите министри и директори во џеб ги кријат бугарските пасоши.
Налет, пак слаба посетеност, енергија нула, мотивација на членството во лер. Затоа, нова порака. Порака, која повторно нема никаква врска со ингеренциите на локалната самоуправа, туку најава за реконструкција.
Клиентелизмот пуштен на најјако, и ете, нова лага, пардон, “нова надеж” за членството, повик да се трча на избори, бидејќи, можеби, ќе има некои нови позиции.
Но, според “неутралните” анкетари на МТВ, и тоа не влече гласови. Па мора Премиерот да оди чекор понатаму, да најави предвремени избори. Истите оние што, според неговата изјава од минатата недела, “немаа шанси” да се случат.
И кога дојде на воденицата на ДУИ, го извади последниот адут, апсења…
Но, таквиот изборен амбиент има и друга цел. Ако може, да се забошоти меморандумот на коалициските партнери со Комората на извршители, со кој ќе се проверува дали некој пензионер купил повеќе од три чоколади за внуката. Да се избегне анализа на извештајот на Светска банка за Западен Балкан, каде јасно стои дека оваа влада има катастрофален финансиски капацитет, слабо прибирање даноци и недозволиво низок процент на реализирани капитални инвестиции (само 32% од планот до јули 2025.)
И во таков еден амбиент, зголемувањето на ДДВ нема да биде тема за прашување, туку за неверување. Па така, оваа кампања повторно нема да ги допре решенијата за реалните, секојдневни проблеми на граѓаните.
Затоа, овој амбиент не смее да продолжи и по изборите. Ни треба доминација на активности од наученото од тешките муабети и конечно пресекување во корен на паролата: “Клиентелистите од сите страни – обединете се!”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрадули за кампањата на Мицкоски: Почна со…
Локалните избори уште од самиот почеток се…
Трамп: Војната во Газа заврши, постигнат е…
„Ја завршивме војната и во многу поголем…
Страшно: Бунарскиот систем Нерези-Лепенец во случај на…
Кампањата за локалните избори носи розова слика…
Мицкоски: Време е за ресет на системот
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое…
Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно…
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот…