Од 1 ноември граѓаните ќе плаќаат ДДВ и за пратки под 22 евра
Владата до Собранието достави Предлог-закон за изменување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на досегашното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со вредност до 22 евра. Согласно новите одредби, секоја онлајн нарачка – без оглед на вредноста – ќе подлежи на оданочување, освен ако станува збор за некомерцијални пратки испратени меѓу физички лица.
Со оваа измена, Македонија се приближува кон европските практики, каде што вакви ослободувања беа укинати уште во 2021 година. Новата мерка директно ќе ги засегне граѓаните кои редовно купуваат од меѓународни платформи како Temu, Shein и AliExpress, каде што доминираат нискобуџетни производи со цена под 20 евра.
Иако предложениот закон е веќе доставен до парламентот, поради тековниот изборен процес сè уште не се ставени на дневен ред измените. Според проценките, законот би можел да биде изгласан во текот на ноември, а неговата примена ќе започне осум дена по објавувањето во „Службен весник“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…
Владата денеска на вонредна седница до 1…
Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…
Во овој момент остануваме на мерката намалено…
(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…
Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…