Пронајдени седум мигранти од Египет и Ирак, уапсени се двајца криумчари од Неготино

t

Пронајдени се седум лица мигранти и лишени од слобода се двајца криумчари.

Како што информираат од МВР, вчера (09.10.2025) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино.

На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак). По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот.

Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени седум мигранти од Египет и Ирак,…

Пронајдени се седум лица мигранти и лишени…

Партија на Турција: Полициски службеници нѐ држеа…

Изборниот караван, предводен од претседателот на Партијата…

МВР распиша тендер за набавка на клима…

Министерството за внатрешни работи набавува клима уреди…

МВР со засилени контроли за користење на…

Во периодот од 6 до 12 октомври,…

Им биле служени оброци со изминат рок,…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…