Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

t

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците.

„Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, во близина на улицата „Народен фронт“, наспроти угостителскиот објект „Интермецо“. Оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност. Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина“ се вели меѓу другото во протестната нота.

Општина Центар потсетува дека, и покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.

Во таа насока, Општина Центар бара од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среде Центар натепана 84-годишна скопјанка

Од СВР Скопје информирааат дека вчера околу…

Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…

Хирургот Александар Савевски ќе биде носител на…

Докторот Алекдандар Алек Савевски ќе ја носи советничката…

Центарот на Скопје ќе стане пешачка и…

„Време е на Скопје да му го…

Училиштата во Центар ќе се дезинфицираат пред…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска…