Вардариште во „Џипси меџик“ – нема разлика од 1997 година до денес

t

Депонијата Вардариште каде е сниман култниот филм „Џипси Меџик“ во 1997 година, воопшто не се разликува од денес, ова место е дом на десетици ромски семејства исто како и во филмот во кој е прикажан животот на Ромите, а главните ликови се членови на многубројно ромско семејство, а сонот на главниот протагонист е да оди во Индија.

Секвенца од филмот е објавена на Фејсбук групата „Ѕид на општина Гази Баба“, а ја има објавено лице кое тврди дека е брат на Алмир Асани, еден од тројцата осудени за создавањето на диви депонии во Вардариште кое на крајот на летово гореше и со денови го загадуваше воздухот во тој дел на градот.

– Филмот е сниман во 1997 година од кај што во позадина се глед цел Аеродром. Ова е мал дел од филмот во Вардариште каде што се снима ѓубрето и народот како собираат да преживеат. А сега го наместија брат ми Алмир Асани кој е роден таа година, 1997 година, кога се снимал филмот. Четири коли имаше на насип за стари делови од којшто со тие делови за коли преживуваа неговите мали три ќерки, 6 години, 5 години и 2 години – напиша братот.

Оваа недела во Кривичниот суд беше изречена пресудата за Максуд Мемиши, Алмир Асани и Флорим Арифи, кои на претходното рочиште признаа вина затоа што создале депонија со што предизвикале опасност на здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот, со откупување на старо железо и други материјали на импровизирани пунктови без дозвола согласно Законот за управување со отпад, без дозвола и документација за собирање третман и складирање на отпад. Истражните органи се уште немаат откриено кој го запали Вардариште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардариште во „Џипси меџик“ – нема разлика…

Депонијата Вардариште каде е сниман култниот филм…

Путин: Трамп направи многу за мирот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Тимчо Муцунски во посета на Обединетото Кралство:…

Денеска во Белфаст, во рамки на Берлинскиот…

Големи проблеми за Орбан: Унгарија обвинета за…

Европската комисија во четврток изјави дека ќе…

Политико со шокантен текст: Британија ќе ги…

Британија е сè поблиску до договор за…