(Во живо) Пендаровски: Не верувам дека би се повторила Шарената револуција – За „патриоти и предавници“ зборуваат тие што немаат понуда за граѓаните
Јас немам намера да бидам бивш претседател вечно, но нема да се туркам некаде каде не ми е местото, ако има потреба, ако некој побара помош, тоа го имам соопштено и на опозицијата, пред се на лидерот на СДСМ, јас сум достапен, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето „како е да се биде поранешен претседател“.
Во врска со актуелната кампања за локалните избори, Пендаровски смета дека потсетува на кампањата во 1994 година, особено по вордингот кој се користи, но тоа значи дека партиите кои го користат тој речник немаат никаква друга понуда за граѓаните.
– Ако погледнете, нам сериозно Албанија ни станува Запад. Ако сакаме напредок треба да ја прошириме базата на опозиционата политика, не верувам дека ќе се повтори Шарена револуција бидејќи ентузијазам нема. Содржината на денешната кампања е идентична со камањата на 1994 година, доминираа „предавници и патриоти“, ама сега во 2025 година да се зборува за тоа е само знак дека ти немаш ништо ново, свежо да понудиш од тековен проект. Ние не тапкаме во место, туку одиме назад, нагласи Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Левица: Државна лотарија како мегафон на власта
„Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под…
(Во живо) Трендафилов: Годинава веројатно ќе започне…
Состојбата не е ни малку добра за…
Условена казна затвор од 5 години за…
Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО…
ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…
Нема да има никаква потреба од нова…