Вработена во казино украла 816.297 денари за да се коцка на апаратите
Полицијата денес извести дека е лишена од слобода 30-годишна жена од гостиварско, откако од казиното каде што работела одзела пари за да се коцка.
– На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите, објави МВР.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработена во казино украла 816.297 денари за…
Полицијата денес извести дека е лишена од…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
МВР со детали за тепачката кај „Дукат“…
Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка…
Пронајдени седум мигранти од Египет и Ирак,…
Пронајдени се седум лица мигранти и лишени…
Партија на Турците: Полициски службеници нѐ држеа…
Изборниот караван, предводен од претседателот на Партијата…