Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја

t

Македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата, секогаш знае и умее да се избори за својата иднина, така било во минатото, така ќе биде и во иднина, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Тетово.

Во своето обраќање Филипче се осврна на историската улога и вредносниот континуитет на СДСМ, како партија што ги негува темелите на државноста, еднаквоста и борбата за слобода.

„СДСМ е наследник на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност – државата да биде дом за сите. И вечерва сме заедно сплотени во желбата за промени, во вредностите што не зближуваат – за Тетово кое ќе обединува, а не да разделува“, рече Филипче.

На трибината, Филипче додаде дека СДСМ не е само политичка партија, туку вредносно и историско движење кое е длабоко вкоренето во антифашистичката борба, солидарноста и стремежот кон праведно општество.

„СДСМ секогаш била повеќе од партија, ние сме движење за слобода, за правда и за еднаквост. За успех во оваа борба нашата задача е јасна – да ја вратиме надежта и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата. Вие, најверните поддржувачи, сте моторот на тоа движење. Вашиот глас може повторно да ја врати нормалноста и да го отвори патот за достоинствен живот овде во Тетово – за вашето семејство, за вашето маало, вашата улица, за вашиот град“, истакна Филипче.

Денес повеќе од било кога, како што кажа Филипче, иднината е во рацете на граѓаните и не смее повеќе да се молчи пред неправдите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата сила е во единството и само така можеме да направиме промени. Да се избориме за држава која е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите. Без силен СДСМ, единствената можност и надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, едноставно пропаѓа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…