Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „ Се бориме за нашиот дом“, во Јегуновце, му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека никој не го мрази, туку сите го презираат. Филипче укажа дека Мицкоски зборува за омраза а самиот тој е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата.
„Мицкоски вчера вели СДСМ имал патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски зборува за омраза – а сам е извор на омраза. Цела година навредува, понижува, го дели народот и сите кои ги критикуваат неговите очајни политики ги нарекува глодари и лешинари. Цела година го храни стравот, се заканува, плука по секого – па после глуми жртва кога народот ќе му ја врати вистината. Цела година зборува за дестабилизации, хибридни напади – додека единствениот кој дестабилизира е тој, со неговиот говор полн со омраза“, изјави Филипче.
На трибината Филипче јавно му порача на Мицкоски дека луѓето го презираат заради сите лаги и манипулации.
„Никој тебе не те мрази Мицкоски – туку те презира. Те презира за сите лаги и безочни манипулации кои ги сервираш секогаш кога ќе бидеш соочен со неуспех или вистина која те боли. Те презираат оние кои со лаги ги измами за да дојдеш на власт, а потоа не исполни ништо. Те презираат сите кои веруваа дека си човек од народот, а испадна дека си најарогантниот премиер кој го имала Македонија.“
Во обраќањето Филипче додаде дека залудни се обидите на Мицкоски за замолчување и страв.
„Никого нема да замолчиш. Никого нема да исплашиш со заканите и пропагандата – затоа што одамна си прочитан.СДСМ нема да молчи пред политичар што ја валка Македонија со омраза, што шири поделби, што мисли дека патриотизмот е да ги хушкаш луѓето еден против друг. Од таквиот патриотизам се сведовме на земја без иднина, без развој, во која сè што правиш ти и твоите е стратегија како да се одржите на власт“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните не сакаат жалопојки, туку решенија, правда и достоинствен живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…