Османи: Локалните избори ќе ја принудат државата веднаш да оди на предвремени избори
Пораката што ќе ја пратат граѓаните на 19 октомври, нема да биде гласање само на локалните избори, туку секој граѓанин што ќе излезе на избори ќе гласа државата да се врати на европскиот пат.
Ова во одговор на новинарско прашање го истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи. Тој додаде дека и премиерот Христијан Мицкоски и останатите политички субјекти веќе се свесни дека ваквата ситуација е нестабилна.
„Веќе има свест кај политичките субјекти дека ситуацијата во Владата е нестабилна. Има консензус кај главните политички фактори дека избори се неминовни. Ова е став на сите, освен на политичките партии што се потпираат на други за да опстанат“, изјави Османи.
Имаме враќање назад во стратешките точки на државата. Пораката што ќе се испрати на 19 октомври, кога секој граѓанин ќе излезе и, пред се, ќе гласа не само за општината, туку ќе гласа и за враќање на европскиот пат“, рече Османи.
Тој додаде дека граѓаните бараат зачувување на мултиетничката хармонија и продолжување на реформската агенда на државата.
„Ова ќе биде порака што ќе ја принуди државата веднаш да оди на предвремени избори, за да започне ново поглавје на државно ниво“, истакна Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Србија се обидува да купи гласови…
Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…
Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…
Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…
Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…
Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…
На изборите во Косово право на глас…
Централната изборна комисија на Косово денеска го…
Голема победа на СНС во Белград: Листата…
Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…