Жерновски: На средина од митингот во Иловица, ни беше исклучена електричната енергија – Срамно, тажно и жалосно!
Андреј Жерновски, со објава на социјалните мрежи покажа што се случило на денешната на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Општина Босилово. Додека на сцената кандидатката за градоначакничка, Мариче Кармазичева држела говор, била прекината електричната енергија.
„Ова е денес нашата Македонија.
На средина од митингот во Иловица, Босилово, ни беше исклучена електричната енергија. Срамно, тажно и жалосно!
Но продолживме. Ги вклучивме мобилните за да ја осветлиме бината, а гласот на кандидатката за градоначакник Мариче Кармазичева стана уште посилен и поенергичен.
Не и’ требаше веќе озвучување, бидејќи желбата и вербата се посилни од се’!
ВО ОВАА ТЕМНИЦА ВО ИЛОВИЦА ВЕЧЕРВА, НАЈЈАСНО СЕ ВИДЕ РАЗЛИКАТА МЕЃУ НАС И НИВ!“ – пишува во објавата Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…