Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела
Овие се локални избори и се зборува за локални проекти, бидејќи локалните проекти се проекти од најголем интерес за граѓаните во општината, кои најчесто ги решаваат потребите на граѓаните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Чучер Сандево во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски, понатаму посочи дека секоја кампања е можност да се испрати и одредена порака преку која се определува патот по кој се планира да се движат работите во иднина и по кој ќе се води државата.
Тој посочи дека ги споменува СДСМ, ДУИ и останатите политички партии, за да не ни се повторат тие и да остане запаметено тоа што ти е го правеле во минатото, за да не дозволиме никогаш повторно да ни се случат ниту СДСМ, ниту ДУИ.
Понатаму, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие локални избори влегува како апсолутен фаворит, затоа што пред сè, нуди програма и проекти кои значат развој за општините и државата, додека политичкиот противник СДС-ДУИ-Левица излегуваат на овие избори со најцрната, најмизерната, најниската кампања што некогаш демократска Македонија ја видела од својата независност до денес.
„Ако ги исклучиме оние, би рекол, монструозни лаги коишто ги објавуваат преку своите спотови коишто ги емитуваат на медиумите, оние желби на нивните перјаници новинарски кои посакуваат да го видат моето распарчено тело спакувано во куфер, па се до епитети коишто ми ги делат мене најчесто и на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, сè ќе слушнете, само нема да слушнете што е тоа што ќе го сработат во вашата општина, каков план имаат и каква визија имаат тие во иднина како да ја развиваат општината и како да ја развиваат Македонија“, рече Мицкоски.
Затоа, потенцираше Мицкоски, на овие избори не треба да заборавиме дека имаме две опции, нема трета, а едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која работи за граѓаните и државата, а од друга страна СДСМ-ДУИ кои за седум години го ограбија народот и ја распродадоа државата, на кои сега им е придружена и Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека…
Овие се локални избори и се зборува…
ВМРО-ДПМНЕ собира членови да му прават гужва…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кој е…
ОО СДСМ Конче со реакција по веста…
Општинската организација СДСМ Конче, излезе со реакција…
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче нападнал повозрасен…
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче вчера повторно…
Мицкоски: По очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ, логично…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави…