Филипче: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне
„Јас сум човек што 25 години работел со луѓе. Сум ги гледал во очи кога им било најтешко во болница, во операциона сала, во моменти кога надежта и стравот се спојуваат во едно. Верувам дека на секој мора да му се помогне“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина.
Тој истакна дека политиката не смее да биде борба за власт, туку должност кон луѓето и нивните животи.
„Јас не го делам народот на наши и ваши. Верувам дека секој човек во оваа земја мора да се почитува и да му се помогне. Верувам дека патриотизам не е да создаваш поделби и страв, туку да го обединиш народот околу заедничка цел. Патриотизам е да водиш политика што ги штити луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротивставиш на моќните“, изјави Филипче.
Во своето обраќање, Претседателот на СДСМ, Филипче, ја истакна потребата од институции кои работат за граѓаните, а не за партиските интереси.
„Јас верувам во институции што служат на народот. Затоа верувам во реформи, а не во политиканство. Верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Претседателот на СДСМ.
Филипче исто така нагласи дека зад него стои голема организација со историска тежина и јасна визија за иднината.
„И не сум сам. Зад мене стои СДСМ, партија што ја донесе независноста, што го обезбеди мирот и државноста, партија што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите свои маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Сум ги гледал луѓето во очи…
„Јас сум човек што 25 години работел…
Филипче: Ветуваа скандинавски стандард, а денес храната…
„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, луксуз стана храната,…
Жерновски: На средина од митингот во Иловица,…
Андреј Жерновски, со објава на социјалните мрежи…
Филипче: Политички кукавици се оние кои наместо…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од…
СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е…
,,ВМРО-ДПМНЕ е во очај. Наместо резултати, проекти…