Слободен печат: Лекарската комора не може да му ја одземе лиценцата на д-р Игор Кузмановски, зашто нема активна лиценца
Лекарската комора не може да му ја одземе лиценцата на разрешениот директор на Клиниката за неврологија доктор Игор Кузмановски затоа што тој моментално нема активна лиценца, дознава „Слободен печат“.
Откако на 15 март 2025 година му истекла лиценцата, тој барањето за нејзино продолжување го поднел дури минатата недела и постапката за лиценцирање му е во процедура во Лекарската комора. На страницата на Лекарската комора каде што се објавени списоците на лекарите кои располагаат со лиценца за работа, името на Кузмановски не фигурира.
Поднесеното барање од доктор Кузмановски за продолжување на неговата лиценца е во процедура, изјави тој самиот за „Слободен печат“. Прашањата што му ги упативме се дали е точно дека лиценцата му истекла на 15 март 2025 и дека минатата недела побарал нејзино продолжување во Лекарската комора, дали работел како специјалист по неврологија во меѓупериодот без лиценца и зошто не ја продолжил на време. Прашавме и дали има законска можност избрано и именувано лице какво што Кузмановски беше до петокот, да не ја продолжи лиценцата во времето додека е директор.
-Поднесов за продолжување, во процедура е. На невролошки конгрес сум во Охрид во организационен одбор. Ве молам во овој тежок период за мене да ме поштедите, срце и душа давам за работата – пишал во порака испратена до „Слободен печат“, д-р Игор Кузмановски.
ИЗВОР: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слободен печат: Лекарската комора не може да…
Лекарската комора не може да му ја…
Скопје без ниту една дискотека што ќе…
Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре…
Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме…
Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира…
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски…
Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните…
Возач возел без лиценца за јавен превоз,…
Возач возел без лиценца за јавен превоз,…