Дискотеката Пулс зема уште еден живот: Почина oсомничен полициски службеник кој во 2012 дал согласност за паркинг

t

Главниот инспектор за сообраќај во Кочамо Владо Петров, првоосомничен во случајот Пулс за наводни неправилности при увид на лице место при издавање на дозвола за паркинг, синоќа почина.

Според информациите на Инфомакс тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес имајќи го во предвид делото кое му се става на терет.

Петров беше во првата група осомничени полициски службеници затоа што го дал својот потпис за согласност за паркинг.

Сепак мора да се напомене дека дискотеката на денот на несреќата 16 март, 2025 година немала никаква валидна и важечка дозвола и работела комплет на диво.

Доколку се земе во предвид и возачот на брзата помош кој почина ден по несреќата од синдромот скршено срцe, но и смртта на Петров кој не го дочека обвинението против него ова е 64тата жртва на дискотеката.

Инаку Петров веќе неколку години е во пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12-годишниот Јован исплива 16,5 километри за шест…

Дванаесетгодишниот Јован Кутаноски од Струга исплива 16,5…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Повеќе од 200 лица евакуирани по руски…

Повеќе од 200 лица биле евакуирани во…

(Видео) Масовна тепачка на концертот на Сузана…

Концертот на познатата македонска пејачка Сузана Гавазова,…

Муцунски за „The Jerusalem Post” од Израел:…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…