Фон дер Лајен најави фабрики за вештачка интелигенција во Западниот Балкан – „Ќе почнеме со две антени во Македонија и во Србија“

t

Европската комисија (ЕК) денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на Европската Унија (ЕУ), меѓу кои и Македонија.

Во соопштението се посочува дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Македонија и Србија.

„Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка интелигенција за Западниот Балкан. Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион што ќе им овозможи на компаниите во сите шест партнери да се поврзат со овие фабрики“, изјави Фон дер Лајен во обраќање на Инвестицискиот форум во Тирана.

Ова, според Фон дер Лајен, ќе значи дека компании од Западниот Балкан ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција. Покрај земјава, програмата АИФА е проширена и во членките на ЕУ – Белгија, Ирска, Кипар, Летонија, Малта, Словачка и Унгарија, како и во Велика Британија, Исланд, Молдавија, Србија и Швајцарија.

Во него се додава дека во петокот ЕК соопшти дека кон европската инфраструктура за вештачка интелигенција се приклучиле шест нови фабрики за вештачка интелигенција, со што нивниот вкупен број опфатен со мрежата се искачи 19 во 16 земји членки на ЕУ.

„Ова проширување го поттикнува Акцискиот план за Европа на вештачката интелигенција и ги надополнува инвестициите на ЕУ во идните гигафабрики за вештачка интелигенција, големите објекти посветени на развој и обука на напредни модели на вештачка интелигенција и гранични системи, истовремено усогласувајќи се со Стратегијата за примена на вештачката интелигенција за забрзување на воведувањето на вештачката интелигенција низ целата европска економија и јавниот сектор“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен најави фабрики за вештачка…

Европската комисија (ЕК) денеска најави проширување на…

Вучиќ: На 1 ноември ќе има насилство

На 1 ноември ќе има насилство, изјави…

Маж уапсен под сомнение дека се обидел…

Полицијата во Србија го уапси Б.Д. од…

Вучиќ: Ситуацијата во Србија е се потешка,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека американските…

Србија ѝ донираше речиси 6 милиони долари…

Според соопштението на руското Министерство за надворешни…