Струјата поевтинува за фирмите, но поскапува за граѓаните
Во првата половина од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 5,611 и 15,403 денари за киловат-час, во зависност од потрошувачката категорија. Според Државниот завод за статистика, просечната цена изнесувала 7,945 денари за киловат-час, што претставува намалување од 8,7 проценти во однос на второто полугодие од 2024 година.
Кај домаќинствата, просечната цена на струјата во истиот период изнесувала 7,271 денари по киловат-час, што е зголемување од 0,7 проценти во однос на претходното полугодие.
Кога станува збор за природниот гас, неговата просечна цена без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 881,518 и 1 538,014 денари за гигаџул, додека за домаќинствата изнесувала 2 065,145 денари за гигаџул.
Од Заводот дополнително појаснуваат дека, во зависност од просечната годишна потрошувачка, цената на електричната енергија за деловните корисници се намалила до 13,7 проценти или се зголемила до 9,4 проценти, додека цената на природниот гас пораснала од 3,6 до 10,2 проценти, зависно од групата на потрошувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски за „The Jerusalem Post” од Израел:…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
САД создаваат нова Космичка академија по моделот…
Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна…
ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…
Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…
ЛДП бара Владата да се огради од…
Либерално-демократската партија најостро ја осудува секоја форма…
Огнена ноќ низ Македонија: 31 пожар за…
Во периодот од 28 до 29 август,…