Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон за да разговара за ракетите „Томахавк“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа во текот на неделава, откако американскиот претседател навести дека би можел да му дозволи на Киев да добие ракети со долг дострел „Томахавк“ доколку Русија не ја прекине војната против Украина.
Во изјава за новинарите во Киев, Зеленски посочи дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон во петок. Најави дека ќе разговараат за воздушната одбрана на Украина и капацитетите за долг дострел. Прашан за ракетите „Томахавк“, Зеленски рече дека е рано да се споделуваат детали, додавајќи дека за тоа прашање треба да се разговара лично.
„Ја споделив нашата визија со претседателот Трамп, но некои работи не се за телефонски разговори, па затоа ќе се сретнеме“,додаде Зеленски.
Белата куќа сè уште не потврди дали состанокот ќе се одржи.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера навести дека би можел да дозволи на Киев да му се испорачаат ракети со долг дострел „Томахавк“, ако Русија не ја заврши војната против Украина. Се работи за ракети кои имаат дострел од 2 500 километри и можат да погодат длабоко во Русија, вклучувајќи го и главниот град Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…