Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Словачка, Петер Пелегрини
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска беше домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на земјава.
„Со највисоки државни и воени почести, денеска му посакав срдечно добредојде на словачкиот претседател, Петер Пелегрини.
Неговата официјална посета е потврда на долгогодишното пријателство меѓу двете држави, засновано на заемната почит и доверба на македонскиот и словачкиот народ.
Високо ја ценам активната поддршка на Словачка на македонскиот и регионалниот евроинтегративен пат.
Верувам дека денешните разговори ќе го зајакнат политичкиот дијалог и ќе отворат нови можности за поширока и подлабока економска, образовна, научна, културна и друга соработка.“ – стои во соопштението на Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…
Во рамките на официјалната посета на Република…
Пелегрини – Сиљановска: Западен Балкан не смее…
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
Македонија ја декласира Словачка и се доближи…
Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор…
(Видео) Фицо со повик за обновување на…
Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од…